Да се положи душата за својот брат

Двајца монаси отишле на пазар да продадат домашни предмети. Кога се разотишле, едниот од нив паднал во блуд. На враќање, другиот му рекол: - „Да одиме во нашата келија, брат!” - „Не одам” - одговрил тој. - „А, зошто?” - прашал братот. - „Затоа што - одговорил тој - кога замина ти, паднав во грев.” Сакајќи да го придобие него (Мт. 18, 15), братот почнал да му зборува: „И со мене се случи истото, кога се разделивме. Но, да отидеме, да се покаеме грижливо и Бог ќе ни прости.”

Кога се вратиле, им раскажале на старците што се случило со нив. Старците им дале заповед; да се покајат. И едниот се каел за другиот, како тој самиот да згрешил. Бог, гледајќи го таквиот подвиг на неговата љубов, заради големата љубов на братот што не згрешил, Му простил на оној што згрешил. Ете тоа навистина значи: да се положи душата за својот брат! (Јн. 15, 13). ≡ Древен Патерик

Add comment Wednesday, July 23, 2008

Совршено смирение

Имаше двајца браќа кои делеа една келија. Нивното трпение и смирение беа ценети од многу отци. Некој свет човек, кога слушнал за тоа, посакал да ги провери и да види дали имаат совршено смирение. Тој отишол да ги посети. Тие го примиле со радост и заедно ги кажале нивните вообичаени молитви и псалми. Потоа посетителот излегол од келијата и ја видел нивната мала градина. Зграбувајќи го својот стап, тој започнал со сета сила да ги уништува сите плодови што ги здогледал и наскоро ништо не останало. Гледајќи го, двајцата браќа − не кажале ни збор. Тие дури не покажале ни натажено или вознемирено лице. Кога се вратиле во келијата, ги завршиле своите молитви на Вечерната и му платиле за честа, велејќи: „Авва, ако сакаш, може да ја земеме едната зелка што остана и да ја свариме, зашто, време е за јадење.” Потоа старецот се поклонил пред нив и рекол: „Му благодарам на мојот Бог, оти гледам дека Светиот Дух почива на вас.” (Word from The Desert)

Веројатна, современа реакција на „деструктивноста” опишана во светоотечката анегдота би бил обид за одземање на стапот и соодветен одговор на провокациите… Ако спаѓаме во „посовршените” и не се решаваме за поагресивната варијанта или упатување навреди, за разумно и потребно би го сметале запирањето на варварската постапка со предупредување за судска разврска на случајот и барање на отштета. Не е нехристијански да се брани својот имот, но добро е да се потсетиме дека постои и патот на совршенството.

Овде гледаме едно однесување кое воопшто не влегува во идеолошкиот шаблон на современото и препорачано граѓанско однесување според модерните општествено-прифатливи норми. Имено, овде станува збор за „вистинско и совршено” христијанско трпение и смирение. Овие две добродетели се суштински во христијанството, па затоа и се неразбирливи за номиналните христијани, а најомразени од нехристијаните.

Православниот психијатар Владета Јеротиќ, вели дека христијанинот се познава уште по првиот рефлекс на својата реакција. Рефлексниот, спонтан израз на срцевиот инстинкт најдобро покажува на кое духовно ниво е човекот. Но, за нас е многу и тоа, ако успееме да го артикулираме гневот уште додека е во умот.

Христијанските добродетели не се цел самите за себе. Во случајов воодушевува и тоа што гледаме пример, не на стоичко смирение што не враќа со иста мерка, туку активно смирение кое процветало со љубовта.

Add comment Tuesday, July 22, 2008

Кога љубовта умира

Христијанството е религија на љубовта. Бог му се открива на светот како Љубов. Христијанството е пожртвувана љубов. Овде Бог го потврдува принципот на вечното постоење како љубов, со тоа што Самиот Себе Се принесува како жртва. Таа тајна на распнувањето на Бога заради човекот ги восхитувала и ги воведувала во побожен ужас оние пред кои се откривала бездната на Божествената Љубов – бесконечна како самото постоење.

Апостолот Јован Богослов во Евангелието му го открива на светот новото име на Бога: тоа име е – Љубов. Господ во последниот разговор со учениците им заветувал да се љубат еден со друг. Да се биде во љубовта; тоа значи да се биде во Бога. Љубовта е оној таинствен меч што ги разделува Христовите ученици од учениците на демонот. Љубовта е небесниот оган кој Христос го донел на земјата; тој оган треба да го преобрази човекот. Без огнот на љубовта, човековата душа останува студена како труп. Свети апостол Јован Богослов на крајот од својот живот на земјата често ги повторувал зборовите: „Деца, љубете се еден со друг – во тоа е сè.” (more…)

Add comment Sunday, July 20, 2008

Анегдоти

Од книгата: „Дети пишут Богу” на Михаил Дымов

А “двојката” во училиште – дали таа е мој грев? Ако “да”, тогаш може и да се пропуштат часовите. Во смисла – подалеку од гревот. Костја, 3 одд.

Ги читаш, Господи, на гробишта написите и се прашуваш; А, каде ли ги закопуваат лошите луѓе? Олег, 4 одд.

А кога спиеме, зашто и тоа ни се смета за живеење? Неправедно е тоа. Во сон дури не ни јадеме. Жења, 4 одд.

Дај ми послушни родители. Аљоша, 2 одд.

Толку сум изморен од животот: учиш, учиш, учиш. Како будала! Сења, 3 одд.

Во различни книги Тебе различно Те опишуваат. Каде може да се добие Твоја фотографија? Барем од пред потопот. Раја, 3 одд.

Навистина ли, пред Тебе луѓето биле мајмуни? Сергеј, 4 одд.

* * *

Некој човек умрел и тргнал кон Небесата. Ангел го сретнал крај раскошна порта и му рекол:

- За да поминеш низ оваа врата, мораш да собереш 100 поени. Ти кажувај ми ги сите твои добри дела што ги направи на земјата, а јас ќе ти ги кажувам поените што ќе ги добиваш.

- Добро, - рекол мажот, - проживеав со својата жена цели петнаесет години и ни еднаш не ја изневерив, ниту во моето срце.

- О, тоа е прекрасно! – рекол ангелот. - За тоа добиваш цели 3 поени!

- Три поени?! – се зачудил мажот. - Но, добро, во црква одев целиот мој живот, редовно давав милостина и учествував во богослужбите.

- Чудесно! – рекол ангелот. – Тоа вреди 2 поена.

- Само два?!! – запрашал мажот. – А, што ќе кажеш за ова: јас организирав бесплатна трпезарија и работев во дом за стари.

- Фантастично! Со тоа заслужуваш 4 поени, - рекол ангелот.

- Четири?!! – извикал во очајание мажот. – Во таков случај на Небесата може да се стигне само заради Божјата благодат!!!

- Минувај!

Add comment Thursday, July 17, 2008

Големиот Раскол

На денешен ден (16 Јули), 1054 г. со скандал завршиле преговорите меѓу Рим и Константинопол.

Расколот кој конечно го одвоил Западното Христијанство од Источното е многу комплексен настан. Тој не може да се идентификува ни со едно посебно случување, дури и не може точно да се датира, макар што клучната година е 1054. Раздвојувањето интензивно траело од XI до XIII век. На овој процес влијаеле и политичката опозиција помеѓу Византија и Франачката империја, постепеното отуѓување во мислата, праксата и разминување во богословието и еклисиологијата. Без оглед на историските фактори, кои сè повеќе го раздвојувале христијанството, сепак, најдлабоките причини, односно оние со кои единствено може да се објасни трајноста на расколот, имаат теолошка природа. (more…)

Add comment Wednesday, July 16, 2008

Собор на славните и сефални дванаесет Апостоли

Собор на славните и сефални дванаесет апостоли: Петар, Андреј – братот негов, Јаков Зеведеев, Јован – братот негов, Филип, Вартоломеј, Тома, Матеј, Јаков Алфеев, Јуда Јаковов или Тадеј, Симон Зилот и Матиј.

Hippolytus on The Twelve Apostles
Where Each OF Them Preached, And Where HE Met His End (more…)

Add comment Sunday, July 13, 2008

Славни и сефални првоврвни апостоли Петар и Павел

Благочестия истинныя проповедники / и Церкве пресветлыя звезды / песньми похвальными почтим, / Петра, каменя веры, / и Павла, истиннаго учителя и таинника Христова. / Сии бо истинное слово всеявше в сердца верных, / всем плодоносие дарующа, / и молят Христа Бога / спастися душам нашим.

Денес светата Црква ги прославува двајцата големи христијански подвижници, нарекувајќи ги: “меѓу Апостолите првопрестолни и на вселената учители.”

Зошто светите апостоли Петар и Павел се нарекуваат првопрестолни и првоврвни? Секако, тие не добиле врвна власт над другите апостоли. За такво нешто нема сведоштво ни во Евангелието, ни во апостолската историја. А, што се однесува до зборовите на Спасителот: “Ти си – Петар, и на овој камен Јас ќе ја создадам Мојата Црква” (Мт. 16, 18), овде под зборот „камен” треба да се разбира не самата личност на апостолот, туку неговото исповедание, неговата цврста вера во Христа. По Петар и другите апостоли ја исповедовале истата вера и на нивното исповедание, исто така, е основана Црквата. Според зборовите на светителот Кипријан Картагенски, “и другите апостоли биле она што и Петар – имале достоинство и власт рамни на неговите”. (more…)

Add comment Saturday, July 12, 2008

Признаци на вистинската Црква

Сè поголемиот број на религиозни заедници кои се нарекуваат „Црква” и разните секти – за многумина го отежнуваат одговорот на прашањето: Која од нив е вистинската Црква и постои ли во наше време едната, вистинска Црква. Некои, можеби, мислат дека првичната, апостолска Црква со текот на времето се раздробила, а денешните Цркви имаат само делчиња од претходното духовно богатство на благодатта и вистината. Оние што размислуваат така за Црквата, претпоставуваат и дека, во тој случај, Црквата може да се востанови со спојување на сите христијански деноминации (религиозни заедници и секти) по пат на преговори и взаемни отстапки. Други пак, мислат дека првата Црква, принципиелно, никогаш ништо заедничко немала со официјалните Цркви, туку секогаш се состоела од поединечните верници кои припаѓаат на разни црковни групи. Ова последно мислење е изразено во учењето за т.н. „невидлива Црква,” а го застапуваат протестантите. Конечно, за многу христијани не е јасно: Потребна ли е воопшто Црквата, ако човекот се спасува со својата вера? (more…)

Add comment Thursday, July 10, 2008

Раѓање на чесниот, славен Предтеча и Крстител Господов Јован

Слава, глас 8. (Кассии монахини): Исаии ныне пророка глас / днесь в большаго от пророк рождении Иоанна исполнися: / се бо, – рече, – послю Ангела Моего пред лицем Твоим, / иже уготовит путь Твой пред Тобою. / Сей убо, Небеснаго Царя воин, предтек, / яко воистинну правы творяше стези Богу нашему, / человек убо естеством, Ангел же житием сый, / чистоту бо конечно и целомудрие целовав, / имяше убо по естеству, / бежа же яже чрез естество, / паче естества подвизався. / Тому, вси вернии, добродетельми подобящеся, / молити о нас молимся, / во еже спасти души наша.

И ныне, глас тойже: Виждь Елисаветь к Деве Марии глаголющу: / что пришла еси ко мне, Мати Господа моего? / Ты Царя носиши, и аз воина. / Ты Законодавца, и аз законоположителя. / Ты Слова, и аз глас, / проповедающ Царство Небесное.

Времето во кое живеел и ги извршувал своите подвизи светиот Пророк, Предтеча и Христов Крстител Јован, е време на морален распад на еврејскиот народ. Евреите веќе ја беа изгубиле својата политичка независност. Врвната државна власт била во рацете на Римјаните. Еврејските водачи не можеле го закрепнат опаднатиот народен дух. Од една страна безверието го освојувало општеството, а од друга – идолопоклонството и празноверието го заземале местото на вистинското богослужење. Луѓето се натпреварувале до дното да ја испијат чашата на злобата. Совеста кај луѓето речиси сосема избледела, нејзиниот глас не се слушал. Таква била духовно-моралната состојба на еврејскиот народ кога одекнале огнените зборови на големиот пророк низ јорданската околина и по сета Јудеја: „Пoкајте се, зашто се приближи Царството Небесно!” (more…)

Add comment Sunday, July 6, 2008

Свештеномаченик Иларион (Троицкиј)

Во соборот на мачениците на Руската Православна Црква особено место зазема архиепископот Иларион (Троицкиј). Длабок научник − богослов, огнен проповедник, ревносен служител на господовиот олтар, надарен администратор, мудар архипастир и бескомпромисен заштитник на Црквата и православните догмати − таква е иконата на светителот Иларион, кој своето земно служење го овенча со подвигот на мачеништвото и исповедништвото.

Свештеномаченикот Иларион (при крштевањето − Владимир Алексеевич Троицкиј) се родил во 1886 г., во селото Липици на Каширскиот срез на московската губернија во свештеничко семејство. Неговиот татко, дедо му о. Петар Троицкиј, а потоа и неговиот брат, служеле во храмот Благовештение на Пресвета Богородица, крај кој и биле погребани. Детството на идниот архипастир минало во атмосфера на строга црковност и во традицијата на православното благочестие. Подоцна отец Иларион, при секоја посета на домот, во тој храм одржувал богослужби на кои се собирале верни од сите околни села; тоа навистина бил празник за православниот народ.

Неговата мајка рано умрела и детето го воспитувала мајкината сестра Надежда, која била учителка во парохиска школа. Малиот Володја самиот научил да чита и од детски години учествувал во богослужбите. (more…)

Add comment Friday, July 4, 2008

Previous Posts


+ IИС ХС NI КА +

Приидите людие, триипостасному Божеству поклонимся, Сыну во Отце, со Святым Духом: Отец бо безлетно роди Сына соприсносущна и сопрестольна, и Дух Святый бе во Отце с Сыном прославляемь: едина сила, едино существо, едино Божество. Емуже покланяющеся вси глаголем: Святый Боже, вся содеявый Сыном, содейством Святаго Духа: Святый Крепкий, Имже Отца познахом, и Дух Святый прииде в мир: Святый Безсмертный, утешительный Душе, от Отца исходяй, и в Сыне почиваяй: Троице Святая, слава Тебе.

Categories

Свето Писмо

Црковен календар ◊ денес

ptici.jpg

svitokforum.jpg

RSS Word from the Desert

RSS Богослов.Ру : Новости

Инфо-врски

Мој избор

Правосл. Ризница

Архиви

Последни коментари

ѓакон Тони on No comment!
Milan on No comment!
ѓакон Тони on Света Педесет…
Мето on Света Педесет…
ѓакон Тони on Дали е ОК да се в…

Links

banner100.gif

ow.jpg

Orthodox Macedonia

crkva sv gorgija

kambanarija

manastir sv gorgija

More Photos

Profile

Тони Петрушевски, ѓакон при храмот „Свети Николај” во Свети Николе, Брегалничка Епархија на Македонската Православна Црква.
email_01-over.gif
«Ова е личен блог и не изразува официјални гледишта, освен во случај на преземени информации со јасно назначени извори.»

Instant messenger

Комуникацијата во dialogue е исклучиво меѓу посетителот и сопственикот на блогот и не е достапна за другите на web (секогаш е еден-на-еден).

Tools

Creative Commons License web counter PageRank
За прегледување на „Свиток”
се препорачува:firefox.gif